Дома Фудбал Валверде преферира да работи во Австралија отколку во Премиер лигата

Валверде преферира да работи во Австралија отколку во Премиер лигата

Ернесто Валверде се појави со променет имиџ на фудаблскиот интернационален самит во Билбао каде му беше врачена награда на „Сан Мамеш“.

Валверде меѓу другото ги изненади сите со изјавата каде би сакал да работи и истакна дека преферира преселба во Австралија отколку во Премиер лигата.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Ме прашуваат „Што мислите за Премиер лигата?“ Јас велам, „Всушност, би ја претпочитал Австралија“. Фудбалската кариера не трае вечно, а понекогаш размислувате да ја искористите можноста да живеете на непознати места“, изјави Валверде.

„Јас претпочитам да правам чудни работи и да истражувам нови земји. Се сеќавам кога Иниеста ми кажа дека се сели во Јапонија, и тоа би бил добар избор за во иднина“, додаде 56-годишниот стратег.

Шпанецот беше отпуштен во јануари и го замени Кике Сетиен. За 2,5 години, Валверде ги доведе Каталонците до две титули во шпанската лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…