Дома Фудбал Валверде за Гомеш: Беше храбар, но тоа не е ништо ново

Валверде за Гомеш: Беше храбар, но тоа не е ништо ново

0
valverde

Фудбалерите на Барселона утре вечер го пречекуваат Челзи во реваншот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите. Да потсетиме првиот натпревар заврши со резултат 1:1.

Ернесто Валверде, тренерот на Барселона на конференцијата за новинари зборуваше за реваншот на „Ноу Камп“.

„Мораме да бидеме внимателни, детали би можеле да го одлучат натпреварот, но сакаме да го покажеме вистинското лице. Игравме важни и напнати натпревари, а таков ќе биде и утрешниот“, изјави Валверде кој е свесен дека му 0:0 е поволен резултат, но најави дека Барса ќе игра онака како што знае – напаѓачки.

Потоа новинарот го запраша Валверде за Андре Гомеш кој во текот на вчерашниот ден призна дека е несреќен во Каталонија.

„Навистина, Гомеш беше храбар кога сето тоа јавно го призна. Но тоа не е ништо ново, сите сме поминале низ таква ситуација. Фудбалерите се соочуваат со вакви ситуации, но мораат да гледаат напред и да ги надминат проблемите“, истакна Валверде.

Коментари
loading...
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриено: Еве како Рамос ја „уништи“ Шпанија при пеналот на Роналдо (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Шпанија ремизираше во петокот против Португалија во фантастичниот натп…