Еден од најдобрите погодоци во последните неколку години е виден синоќа во вториот ранг на американската лига во дуелот помеѓу Хартфорд и вториот тим на Филаделфија Унион.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Фудбалерот на Хартфорд Дени Барера постигна погодок кој се постигнува еднаш во животот и ако го постигнеше Меси, Роналдо или Ибрахимовиќ долго ќе се зборуваше за него.
Барера мудро го сочека голманот на Филаделфија. Кога тој ја фрли топката со раката, тој ја постави ногата и топката заврши во мрежата на противникот, а со тоа и Хартфорд стигна до победата.