Дома Фудбал Вакво нешто светот не видел: Норвежанец постигна девет гола на натпревар на Мундијал!

Вакво нешто светот не видел: Норвежанец постигна девет гола на натпревар на Мундијал!

На Светското првенство за фудбалери до 20 години беше одигран натпревар кој сигурно ќе биде запишан во историјата.

Имено, Норвешка со високи 12:0 ја победи селекцијата на Хондурас, а подвиг на векот направи Ерлинг Браут Халанд кој постави рекорд за во Гинис.

Норвешкиот фудбалер постигна дури девет гола на овој натпревар што е апсолутен рекорд на Мундијалите.

Халанд има 18 години и е член на Ред Бул Салцбург, а иако е роден во Англија, сепак настапува за младата селекција на Норвешка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус ја чека својата „десетка“: Се наѕира датумот за враќање на Јилдиз

Кенан Јилдиз најави враќање во декември, а дуелот со Монца на 14 декември е најреалната оп…