Дома Македонски спорт Мак ракомет Вака изгледа комплетниот распоред за турнирот во Струга

Вака изгледа комплетниот распоред за турнирот во Струга

И овој август кон средината на месецот традиционално ќе се игра Меѓународниот ракометен турнир во Струга. Оваа година тоа ќе биде и јубилејно 50-то издание.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На турнирот учеството го потврдија: Вардар 1961, Еурофарм Пелистер, Струга, Алкалоид и Бутел од Македонија додека од странство ќе настапат: АЕК Атина и Татран Прешов.

Почетокот на турнирот е закажан за на 16-ти август во 17:00 часот, прв натпревар кој ќе се одигра ќе биде дуелот помеѓу Струга и Еурофарм Пелистер. Веднаш по нив ќе се сретнат Вардар и Алкалоид. Финалето е закажано за на 20-ти август.

На последниот ден програмата ќе започне наутро од 10:00 часот со натпреварот за седмото место, потоа следуваат и дуелите за останатите позиции се до финалето кое е во терминот од 21:15 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…