Дома Фудбал Италија Буфон: Трансферот на Влаховиќ е изненадувачки за мене, тој е во топ три

Буфон: Трансферот на Влаховиќ е изненадувачки за мене, тој е во топ три

Џанлуиџи Буфон денес полни 44 години, а по повод неговиот роденден тој имаше интервју за „Газета дело Спорт“. Буфон зборуваше и за актуелните теми во неговиот Јувентус.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Иако не е во Јувентус, Буфон и понатаму следи што се случува во редовите на „старата дама“, па така сега даде коментар за трансферот нас Влаховиќ.

„Трансферот на Влаховиќ е огромен и изненадувачки за мене. Тој е во топ три најдобри млади играчи заедно со Халанд и Мбапе. Има нешто поинакво во себе, тој ја еволуира позицијата на „9“ и е многу силен и динамилен“.

Даде коментар и за ситуацијата на Дибала.

„Ако бев на местото на Дибала ќе останев во Јувентус и за помалку пари. Тој треба да остане во Јувентус ако се чувстува ценет и почитуван. Тандемот со него и Влаховиќ би бил одличен“, истакна Буфон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Kварацхелија е чудо: Во Париз направи нешто што не им успеало ни на Нејмар, ни на Ибрахимовиќ

ПСЖ во текот на годините беше дом на некои од најголемите фудбалски ѕвезди на светот, како…