Дома Трансфер зона Буфон пред враќање во Парма

Буфон пред враќање во Парма

Како што стојат работите Џанлуиџи Буфон ќе се врати во Парма.

Најпознатите новинари и медиуми во Италија објавија дека еден од најдобрите голмани на сите времиња по 26 години се враќа во Парма каде и што ја започна кариерата во 1995 година.

Буфон го напушти Јувентус но одлучи и понатаму да брани. Парма Буфон ја напушти во 2001 година кога Јувентус за него плати 52 милиони евра.

Во Јувентус собори многу рекорди, освои 21 трофеј и му недостасуваше само титулата во Лигата на шампионите. Една сезона одигра и во ПСЖ.

Со Италија во 2006 година стана светски шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ленгле се сели во Серија А

Рома е силно заинтересирана за дефанзивецот на Барселона, Клемен Ленгле, пренесува каталон…