Дома Фудбал Италија Буфон: Не размислувам за пензија, играм со голем ентузијазам

Буфон: Не размислувам за пензија, играм со голем ентузијазам

Голманот на Парма Џанулиџи Буфон истакна дека не планира да се пензионира иако има 43 години.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од ова лето легендарниот Италијанец после две децении повторно е помеѓу стативите на Парма. Со своите интервенции на 43 години Буфон го привлекува вниманието.

Она што многумина ги интересира е дали Буфон размислува за пензија.

„Не размислувам за пензија. Сакам да бидам среќен, а мојата глава и тело се добро. Со голем ентузијазам играм. Во овој момент не размислувам за завршување на кариерата. Сфатив колку сум важен за овие луѓе тука. Една од работите поради кои продолжувам да играм е еволуцијата на фудбалот кој ми овозможува да не ми се здосади. Сега сум повеќе вклучен во играта“, изјави Буфон кој во јануари ќе наполни 44 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Oва е планот на Инфантино за продажба на ФИФА, секоја држава да добива 15 милиони евра, поврзан е и Трамп

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, ја изненади фу…