Дома Трансфер зона Буфон најавува луд трансфер: ПСЖ нема да биде негов последен клуб?!

Буфон најавува луд трансфер: ПСЖ нема да биде негов последен клуб?!

0
buffon

ПСЖ освои важен бод на гостински терен кај Наполи во Лигата на шампионите борбата за најтешката група за пласман во следната фаза продолжува.

Уште една позитивна работа за „светците“ е што Буфон дебитираше за францускиот шампион во ова натпреварување.

Меѓутоа италијанската легенда сега ја разбуди фантазијата на навивачите на Бока Јуниорс.

„Ќе ви ја кажам вистината, никој од Бока не ме побарал. Можам да ви кажам дека со Карлос Тевез имам големо пријателство. Со него бев соиграч во Јувентус и можам да кажам дека е одличен лидер“, изјави поранешниот голман на Парма и Јувентус и продолжи:


Следете го Sportski.mk и на


„Ако сум потребен на Тевез ќе направам нешто лудо, а тоа е да преминам во Бока“.

Ќе потсетиме Буфон со Бока Јуниорс се поврзуваше и во текот на летото.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Откриено: Бензема бил на чекор од Барселона, но трансферот пропаднал поради бизарна причина

Во летото 2018 година Карим Бензема бил блиску до потпис со Барселона. Пред сезоната 2008/…