Дома Фудбал Буфон: Едно да изгубите од Португалија, друго од Македонија…

Буфон: Едно да изгубите од Португалија, друго од Македонија…

Џанлуиџи Буфон и на 44 години не размислува за пензија и брани на голот на Парма, во разговор за „Ла Стампа“ легендарниот голман зборуваше и за поразот на Италија во баражот за Мундијалот.

Македонија ја победи Италија во полуфиналето од баражот и така ги оставивме „Аѕурите“ без настап на втор Мундијал во низа. Буфон порача дека на Манчини немало никој да му замери ако Италија изгубела од Португалија, но поразот од Македонија за него е неприфатлив.

„Манчини беше архитектот на успехот на Европското првенство, меѓутоа по еден ваков тежок удар одговорност мора да се преземе. Едно е да изгубите од Португалија и никој во таков случај нема што да замери, но друго е да изгубите од Македонија. Тоа е пораз кој може да ве прогнува, тешко е да стартувате од почеток“, изјави Буфон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн можел да го доведе Вушковиќ, но избрал друго решение

Лука Вушковиќ бил достижна цел за Баерн, но Баварците решиле да не ја менуваат одбраната. …