Дома Фудбал Бутрагењо: За Реал секој противник е тежок!

Бутрагењо: За Реал секој противник е тежок!

Директорот на Реал Мадрид, Емилио Бутрагењо е претпазлив во однос на ждребот за осминафиналето од Лигата на шампиони.

„Кралевите“ денес за противник го добија Ајакс, а Бутрагењо ги знае потешкотиите кои ги носи овој дуел.

„Никогаш не се знае. За нас сите противници се тешки. Ги знаеме тешкотиите кои ги носи секој меч, а Ајакс е тим кој игра одлично. Ќе биде дуел на два легендарни клуба со историска традиција во овој турнир. Сигурно не очекуваат два тешки натпревари“, изјави Бутрагењо.

„Знаеме каква е сезоната, решавачките натпревари започнуваат во февруари и март. Тоа е моментот кога тимот треба да биде во врвна форма. Знаете дека Лигата на шампиони за Реал Мадрид е нешто посебно“, заклучи директорот на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фалк ги смирува „топчиите“: Едегор не оди во Баерн, Нуса бара стартно место

Кристијан Фалк ги отфрла шпекулациите за преселба на Едегор во Минхен, а објаснува и зошто…