Дома Фудбал Англија Бурен ден на Енфилд: Ливерпул купува двајца дефанзивци

Бурен ден на Енфилд: Ливерпул купува двајца дефанзивци

Екипата на Ливерпул предводена од Јирген Клоп се најде во сериозни проблеми во дефанзивната линија поради голем број повредени играчи.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Поради тоа, Клоп беше приморан да икспирементира со играчи кои играат на други позиции, а со тоа дојдоа и лошите резултати.

Наводно, Ливерпул денеска треба да комплетира два трансфери на играчи кои би требало да стават крај на проблемите во дефанзивата.

Веќе е договорен трансферот на 25-годишниот Бен Дејвис, кој доаѓа од Престон и за кој Ливерпул ќе плати 2 милиони евра.

Вториот играч е Дуја Чалета Цар, хрватски интернационалец кој настапува во екипата на Олимпик Марсеј.

Британските медиуми пренесуваат дека и овој трансфер е во завршна фаза, само се чека Марсеј да донесе нов дефанзивец на местото на Чалета Цар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Паднатиот гигант во 2023 година го одби Луис Енрике: Ти не си доволно добар

Луис Енрике прави чуда со ПСЖ. Минатата сезона го однесе францускиот шампион до титулата в…