Дома Фудбал Брозовиќ доби жестока казна за возење под дејство на алкохол

Брозовиќ доби жестока казна за возење под дејство на алкохол

Интер му изрече „солена“ казна на Марсело Брозовиќ за возење под дејство на алкохол низ улиците на Милано.

Играчот за врска на Интер направил сериозен престап со својот автомобил, откако со луксузниот Ролс Ројс поминал на црвено светло во два часот по полноќ.

Полицијата го запрела и се покажа дека Брозовиќ возел под дејство на алкохол. Хрватот веднаш остана без возачка дозвола, а денес Интер го казни со 100.000 евра.

Сето ова ја прави неговата иднина во Интер неизвесна, тврди „Газета дело Спорт“. И покрај добрата сезона на раководството му сметаат неговите испади надвор од теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн нема да тргне по Зубименди: Цената не е единствената пречка

Мартин Зубименди останува ценет во Минхен, но според Кристијан Фалк, Баерн не планира јану…