Дома Фудбал Останато Брајтвајт во 2012 година: Сонувам да играм за Реал Мадрид

Брајтвајт во 2012 година: Сонувам да играм за Реал Мадрид

Новиот напаѓач на Барселона Мартин Брајтвајт веќе неколку пати се најде на мета на критики од навивачите на Барселона.

Брајтвајт одигра само еден натпревар за Барселона и не беше лош, но навивачите ги лути неговото минато и симпатиите кои ги покажувал кон Реал Мадрид. Прво се појави неговата фотографија покрај маскотата која носи дрес на Реал, а сега се појави и негова изјава од 2012 година.

„Кој ми е омилен клуб? Реал Мадрид. Мојот најголем фудбалски сон е да заиграм за Реал Мадрид“, изјави тогаш 28 годишниот Данец.

Ќе потсетиме, Брајтвајт на претставувањето за Барселона помеѓу останатото истакна: Сите еден ден сонуваат да заиграат за Барса, ова е исполнување на сонот“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Албанец од Струга го поминал детството со Ибрахимовиќ: Беше лошо дете, јадеше кај нас (ВИДЕО)

Албанецот, Ади Хоџа од Струга откри дека во своето детство растел заедно со една од најгол…