Дома Фудбал Репрезентации Бразил го доби дербито со Уругвај, Аргентина сигурна, дебакл на Колумбија ?

Бразил го доби дербито со Уругвај, Аргентина сигурна, дебакл на Колумбија ?

Изминатата ноќ се одигра четвртото коло во јужноамериканските квалификации за Светското првенство во Катар.

Вистинска катастрофа доживеа селекцијата на Колумбија која на гости кај Еквадор беше поразена со 6:1.

Се во овој натпревар беше завршено во првото полувреме. До 40 минута домашната селекција имаше предност од 4:0, за Колумбија од пенал во судиското продолженија да постигне почесен гол. Го постигна Хамес Родригез. Во продолжение Еквадор постигна уште два гола за убедлива победа од 6:1.

Бразил во дербито на гости го совлада Уругвај со 0:2. Погодуваа Артур и Ричарлисон и „Кариоките“ се единствениот перфектен тим после четири одиграни кола. Треба да се спомене дека уругвајскиот напаѓач Едисон Кавани заработи црвен картон во овој дуел после еден жесток прекршок.

За разлика од некои претходни квалификации во овие Аргентина игра навистина одлично. „Гаучосите“ во Лима го совладаа Перу со 0:2, головите ги постигнаа Гонзалес и Лаутаро после половина час игра.

Венецуела дојде до првите бодови со победата над Чиле од 2:1, како и Боливија која успеа да одигра 2:2 со Парагвај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Алиоски со емотивна порака се збогува од Лидс🎥

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски денес преку видео порака се збогува со навивачи…