Дома Фудбал Бразилската легенда: Ако Нејмар вака продолжи ќе се пензионира пред да наполни 30 години

Бразилската легенда: Ако Нејмар вака продолжи ќе се пензионира пред да наполни 30 години

Поранешниот фудбалер на Баерн и бразилската репрезентацијата Зе Роберто истакна загриженост за својот сонародник Нејмар.

Зе Роберто не го доведува во прашање квалитетот на Нејмар како фудбалер, но како голем проблем го истакна неговото однесување и размислување.

Според бразилската легенда Нејмар мора од „корен“ да се промени ако не сака да се пензионира пред да наполни 30 години.

„Нејмар мора од „корен“ да го промени начинот на кој размислува. Многу е блиску до тоа да стане лидер. Повредите не му помогнаа, но ниту тој не беше 100% фокусиран на фудбалот, само прашање на време е кога ќе престане да ужива во фудбалот“.

Потоа доби прашање дали Нејмар може да биде добар како него.

„Не нема шанси. Ако вака продолжи, Нејмар ќе се пензионира пред да наполни 30 години. Парите и луксузот знаат да направат проблем, но погледнете ги Меси и Роналдо и тие имаат луксуз но живеат поинаку“, изјави Зе Роберто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина на само 27 години: Либерија го загуби поранешниот капитен Ален Нџи

Поранешниот репрезентативец на Либерија починал во САД. Во 2024 година ја прекинал кариера…