Дома Македонски спорт Мак фудбал Борче Маневски го реши македонското „Ел Класико“, Цаке го има голот на колото, Шкендија го доби Силекс 🎥

Борче Маневски го реши македонското „Ел Класико“, Цаке го има голот на колото, Шкендија го доби Силекс 🎥

Денес се одиграа пет натпревари во рамките од 25. коло во македонската прва лига.

Натпреварот кој привлекуваше најмногу внимание се играше во Битола каде што Вардар гостуваше на Пелистер. Македонското „Ел Класико“ беше решено со двата гола на Борче Маневски. Прво во 17 минута Маневски го доведе Пелистер до водство со глава за потоа во последните минути да погоди и од пенал.

Струга Трим Љум очекувано забележа убедлива победа против фенерџијата Беласица со 3:1. Ристевски ги доведе домаќините до предност во 18. минута, а во десет минути подоцна Клинсман Цаке со вистинско ремек-дело зголеми на 2:0. Цаке голманот на Беласица го лобуваше со пета од 16 метри. Третиот гол беше автогол на Каланоски. Во самиот финиш од мечот видовме уште еден автогол овој пат спротивната страна и тоа од стрелецот на голот за Струга, Цаке.

Лидерот Шкендија со гол во финишот од натпреварот дојде до победа против Сиекс.. Поведе Шкендија со голот на Нафиу во 63. минута, Ѓоргиев изедначи десетина минути подоцна. Ибраими на четири минути пред крајот на истекот на регуларните 90 ги постави конечните 2:1.

Изненадувачки пораз претрпе Шкупи. Ренова како гостин ги совлада чаирчани со 1:2. Головите за Ренова ги постигнаа Јашаровски и Мишковски. Во судиското продлжение Шкупи само го ублажи поразот преку Адеми.

Во натпреварот помеѓу Борец и Работнички се се случи во самиот финиш. Прво Адили го доведе Борец во водство во 82. минута. Само неполна минута Работнички изедначи преку Ѓурѓевиќ, истиот играч во судиското продолжение погоди за три бода на „романтичарите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Гвардиола спреми богата понуда за Германецот кој блесна на ЕУРО

Манчестер Сити е силно заинтересиран за левиот бек на Аталанта и германски репрезентативец…