Дома Македонски спорт Боречкиот клуб „7ми МАЈ“ слави 15 години постоење!

Боречкиот клуб „7ми МАЈ“ слави 15 години постоење!

0

Клубот за боречки спортови и рекреација 7ми МАЈ – Прилеп во недела на 10.11.2019 во 18 часот во спортската сала на ОУ. „Гоце Делчев“- Прилеп, организира прослава по повод својот јубилеј 15 години постоење на клубот.

За таа цел клубот ги поканува сите љубители на борењето да го посетат овој настан и заедно да го прослават овој значаен јубилеј.

Клубот од неговото основање, па се до денес успешно се натпреварува во повеќе категории во Македонија, но и на турнири надвор од државата. КБСР 7 Мај, последниве 15 години дал повеќе македонски репрезентативци кои успешно ги бранат боите на Македонија.

КБСР 7 Мај веќе традиционално го организира меѓународниот турнир „Љупчо Црвенкоски“ на кој секоја година учествуваат 150 борачи од Македонија, Србија, Бугарија, Косово, Унгарија.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Австрија не дозволи да ја изненадиме, првенец за Стојановски (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Македонија вечерва не успеа да направи изненадување против Австрија на…