Дома Фудбал Лига на шампиони Бонучи: Премногу пати ги повторувавме истите грешки

Бонучи: Премногу пати ги повторувавме истите грешки

Дефанзивецотна Јувентус, Леонардо Бонучи имаше забелешки до својот тим после ремито со Атлетико Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јувентус во рамките од првото коло во Лигата на шампионите одигра 2:2 иако „старата дама“ имаше предност од 0:2.

После натпреварот Бонучи истакна дека на него и неговите соиграчи им недостасувала концентрација во клучните моменти.

„Во првото полувреме Атлетико нас многу не притискаше, но потоа додадовме гас и влеговме во нивниот казнет простор. Добро се држевме, констатно напаѓавме, меѓутоа изостана концентрацијата. Премногу пати ги повторувавме грешките. Мораме да бидеме повеќе фокусирани“.

„Незадоволни сме со овој бод. Нивото на нашата самодоверба беше високо. Му направивме на Атлетико многу проблеми, доволно е да се сетам каква шанса имаше Роналдо. На крајот секако треба да се превземе одговорност за головите кои ги примивме“, изјави Бонучи.

Во следното коло Јувентус ќе го пречека германски Леверкузен, додека Атлетико ќе игра натпревар против Локомотив Москва која вчера на гости ги изненади Германците (1:2).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Снимка од брутална тепачка меѓу англиски фудбалери ја шокира планетата (Видео)

На социјалните мрежи се појави видео од инцидентот во кампот на младите селекции на Англиј…