Дома Фудбал Светско првенство во фудбал „Бомба“ од Џака и гол на Шаќири за пресврт на Швајцарија, Србија за 1/8 финале ќе има пеколно тешка задача

„Бомба“ од Џака и гол на Шаќири за пресврт на Швајцарија, Србија за 1/8 финале ќе има пеколно тешка задача

Денешната мундијалска програма беше затворена со натпреварот помеѓу Србија и Швајцарија.

Натпреварот помеѓу Србите и Швајцарците заврши во корист на Швајцарија.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Србија рано уште во петата минута успеа да стигне до водство. Митровиќ се закани со глава веднаш на стартот во првиот момент не успеа да погоди, но само неколку моменти подоцна по нафрлувањето од Тадиќ успеа да ја погоди мрежата на Сомер за рано водство.

Во продолжение да гледавме скоро и изедначен натпревар со по некоја шанса и на двете страни.

Иста слика на теренот гледавме и во вториот дел. Но овој пат после седум минути игра Гранит Џака испрати вистински проектил надвор од шеснаесетникот кој заврши зад грбот на Стојковиќ.

По голот на Џака, како што одминуваше времето, Швајцарија беше се повеќе опасна. Кулминацијата Швајцарците ја достигнаа во судиското продолжение кога Џердан Шаќири постигува гол за предност од 1:2.

Оваа поебда на Швајцарците им носи два бода повеќе во однос на Србија, која во последното коло за пласман понатаму има невозможна мисија да го победи еден од првите фаворити за титулата, Бразил. Од друга страна Швајцарија игра против селекцијата која е веќе елиминирана, Костарика и со нерешен резултат обезбедува пласман.
Нерешен резултат со Бразил и одговара на Србија само во случај Швајцарија да изгуби со најмалку 2 гола разлика од Костарика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Гундоган го критикуваше трагичарот на Барса, а тој му одговори: Подобро да не кажувам што мислам

Барселона беше иелиминирана од ПСЖ во четвртфиналето на Лигата на шампионите и покрај тоа …