Дома Топ вести „Бомба“ од Островот: Ливерпул тргнува по Дембеле

„Бомба“ од Островот: Ливерпул тргнува по Дембеле

Ливерпул беше силно заинтересиран за напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер, но „црвените“ ја загубија битката па Германецот ќе заврши во Челзи.

Јирген Клоп не се откажува од намерата да го засили нападот и се насочил кон други мети, а англиските медиуми пренесуваат дека сега примарна цел е ѕвездата на Барселона, Осман Дембеле.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Имено, Ливерпул започнал официјални преговори со Барселона и сакаат што поскоро да го договорат трансферот.

Проблемот е во тоа што Ливерпул нема финансиски средства на располагање во моментов, па сака да го донесе Дембеле на позајмица со можност за откуп следното лето.

Сега се очекува одговор од Барселона, која доколку успее да го донесе Депај на таа позиција, може да ја прифати понудата од „црвените“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…