Дома Топ вести „Бомба“ од Енфилд: Клоп веќе се помирил со заминувањето на Салах

„Бомба“ од Енфилд: Клоп веќе се помирил со заминувањето на Салах

Во овој момент Мохамед Салах е фудбалерот со најдобра форма во Европа и има 10 гола и 5 асистенции во Премиер лигата.

Моментално Салах е многу актуелен со оглед на фактот дека неговиот договор истекува во јуни 2023 година и се уште нема постигнато договор со Ливерпул за продолжување на соработката.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Салах на лето влегува во последната година од договорот, но неговите финансиски барања се превисоки за Ливерпул, а шпанските медиуми пренесуваат дека Клоп наводно се помирил со неговото заминување.

Реал Мадрид важи како фаворит за неговиот потпис, но наводно Клоп го советува Египќанецот да избере друг клуб.

Германскиот стратег го советува да потпише за друг клуб, бидејќи во Реал Мадрид нема да биде прва ѕвезда и ќе биде во сенка на Килијан Мбапе, кој извесно на лето ќе се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…