Дома Трансфер зона „Бомба“: Дани Алвеш се враќа во Барселона?

„Бомба“: Дани Алвеш се враќа во Барселона?

Искусниот десен бек Дани Алвеш може да се врати во Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанското радио „RAC1“ денес лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека 23-годишниот Бразилец сам се понудил да се врати на „Камп Ноу“, а раководството на Барселона не ја затворило вратата.

Дани Алвеш денес и официјално потврди дека заминува од Пари Сент Жермен и дека е спремен за нова авантура.

Бразилецот цели осум години помина на „Камп Ноу“ каде се стекна со легендарен статус и освои 23 трофеи со каталонскиот клуб.

Потоа како слободен агент во 2016 година се пресели во Јувентус и не остана во најдобри односи со раководството.

Останува да видиме каков ќе биде одговорот на Барса, која во меѓувреме работи и на враќање на Нејмар од ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…