Дома Топ вести БОМБА: Гвардиола го „пречкрта“ Агуеро, го купува еден од најдобрите во светот!

БОМБА: Гвардиола го „пречкрта“ Агуеро, го купува еден од најдобрите во светот!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола во јануари сака да го донесе напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, тврдат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Сан“ пренесува дека Гвардиола иако добро ги познава квалитетите на Левандовски испратил скаути да ги следат наговите настапи.

Медиумите тврдат дека каталонскиот стратег не е задоволен од ангажманот на Серхио Агуеро и им порачал на челниците да го продадат Аргентинецот, а како замена да му го донесат Левандовски.

Тимот на Манчестер Сити е богат со напаѓачки опции, па Гвардиола може да си приушти да не го игра Агуеро. Сепак, доаѓањето на Левандовски би било шлаг на тортата.

Гвардиола успешно соработуваше со Левандовски во Баерн па затоа медиумите сметаат дека Сити ќе има предност во трката на полскиот репрезентативец, кој неодамна влезе во расправија со раководството на Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…