Фудбалскиот сојуз на Босна денес ја објави листата на кандидати за наследник на Мехмед Баждаревиќ, на листата се најдоа осум имиња, а помеѓу нив имаше и едно големо име на европскиот фудбал, но и еден Македонец
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Разговаравме во текот на денот и веќе ги имаме имињата на потенцијалните кандидати. Нашите кандидати се следните: Марсел Колер, (поранешен селектор на Австрија), Владимир Вајс (селектор на Грузија), Винко Мариновиќ, Бошко Ѓуровски, Матијаж Кек, Роберт Порсинечки и Кларенс Сидроф. Нашата комисија ќе стапи во во контакт со секој од кандидатите, па потоа ќе видиме што ќе се случи“, откри Ковачевиќ за босанските медиуми.
Во текот на вчерашниот ден во Зеница беше одржана седница на која не беше донесена одлука за новиот селектор, а наредната е закажана за почетокот на декември.