Дома Трансфер зона Бејл не сака да слушне за преговори со Реал: Ако сакате да заминам – исплатете ме!

Бејл не сака да слушне за преговори со Реал: Ако сакате да заминам – исплатете ме!

Лионел Меси овој период е главна тема на шпанските медиуми, но проблем има и Реал Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Аргентинецот изрази желба да замине од Барселона после 20 години поминати во клубот и води битка со раководството на Барса да биде ослободен од обврските.

Додека вниманието на јавноста е насочено кон Меси голем проблем има и Реал Мадрид и тој проблем се вика „Герет Бејл“.

Велшанецот не сака да слушне да биде продаден. Не се согласува на било какви разговори за заминување и за него постои само една опција и јасно им порачал на „кралевите“:

„Исплатете ме и ќе заминам“.

За тоа да го направи Реал мора да издвои огромна сума. Бејл заработува 17 милиони евра по сезона и му преостануваат уште две години од договорот, тоа значи дека клубот мора да му исплати 34 милиони евра за да замине.

Бејл го кажа својот став и стои цврсто на него и Реал тешко може да ја реши ваквата ситуација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…