Дома Фудбал Репрезентации Бернардески: Апсурдно е што сум европски шампион, а не играм на Светско првенство

Бернардески: Апсурдно е што сум европски шампион, а не играм на Светско првенство

Италијанците поради поразот од Македонија во март пропуштаат втор Мундијал во низа, од таборот на Италија не кријат дека ги боли тоа што како актуелни европски шампиони не се дел од Светското првенство.

Колку им е тешко во јавноста сега зборуваше и поранешниот фудбалер на Јувентус, Федерико Бернардески. За Бернардески е апсурдно што е европски шампион, а што никогаш не играл на Светско првенство.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Боли, сите знаеме дека заслужуваме да бидеме таму. Земја со толку успеси во минатото мора да учествува. Неверојатно ми е кога ќе помислам дека сум европски шампион, а никогаш не сум играл на Светско првенство“, изјави Бернардески.

Испрати поддршка до неговите поранешни соиграчи и пријатели Данило и Алекс Сандро од Бразил.

„Би се обложил на Бразил, имаат одличен тим. Таму се моите пријатели Данило и Сандро. Но тука се уште Франција и Шпанија“, истакна Бернардески кој сега го носи дресот на Торонто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…