Дома Фудбал Бензема потпишува нов договор, откриени и деталите

Бензема потпишува нов договор, откриени и деталите

Карим Бензема оваа сезона продолжи таму каде што застана мината.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После заминувањето на Кристиано Роналдо иако не се очекуваше сепак тој е најдобриот играч на Реал Мадрид, а изгледа сега ќе добие награда од клубот.

Според информациите на шпанската емисија „Ел Чирингуито“ Французинот ќе потпиша нов договор со Реал кој ќе има важност до 2022 година, додека платата ќе му изнесува 11 милиони евра. Актуелниот договор на Бензема истекува 2021 година.

Иако има 31 година Бензема игра одличен фудбал. Минатата сезона постигна 30 голови во сите натпреварувања, а на почетокот на оваа веќе шест пати се запиша во листата на стрелци на девет натпревари.

Реал после девет кола и е лидер во шпанската Ла Лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Катастрофа за Шпанија: Освојувачот на Златна топка го напушта Светското првенство – мора на операција!

Шпанија доживеа сериозен удар на Светското првенство – Родри нема да може да го прод…