Дома Фудбал Италија Белоти сака да си оди – Милан или Челзи?

Белоти сака да си оди – Милан или Челзи?

Андреа Белоти е еден од најбараните напаѓачи моментално во Европа, но раководството на Торино не попушта и бара да биде платена неговата откупна клаузула од 100 милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меѓутоа, италијанските медиуми пренесуваат дека „Петелот“ сака да се пресели во поголем клуб и дека побарал од раководството да биде продаден ова лето.

Најсилен интерес за неговиот потпис покажуваат Милан и Челзи, но и двата клуба не се спремни да платат 100 милиони евра колку што бара претседателот на Торино.

Милан и Челзи се спремни да платат помеѓу 60 и 70 милиони евра, а наводно Белоти сака да остане во Италија и преферира преселба на „Сан Сиро“.

Белоти го немаше на официјалната слика со која беа презентирани дресовите за следната сезона, па останува да видиме како ќе реагира Торино и дали „Петелот“ ќе ја промени средината ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи избира меѓу три напаѓачи од Премиер лигата

Наполи има намера до крајот на преодниот рок да донесе уште еден квалитетен напаѓач. Итали…