Дома Фудбал Бартомеу: Меси може да потпише бесконечен договор

Бартомеу: Меси може да потпише бесконечен договор

Претседателот на Барселона, Хозе Марија Бартомеу истакна дека Лионел Меси би можел да се обврзе на бесконечен договор со Барселона.

Првиот човек на каталонскиот клуб во текот на летото призна дека одредени играчи биле доведени со цел да го превземат товарот кога Меси ќе замине, но сега тврди дека е сигурен дека Аргентинецот ќе остане барем уште пет години.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Дефинитивно тоа ќе биде желба на сите страни ако Лео има таква амбиција – да потпише бесконечен договор. На крајот тој е оној кој мора да одлучи. Заслужи да има право да избере каде ќе ја заврши кариерата. Не се сомневам дека се уште е силен и амбициозен. Верувам дека може да игра за нас во наредните две, три, четири или пет години“, истакна Бартомеу.

Бартомеу верува дека Меси ќе остане во клубот и по завршувањето на кариерата.

„Не се сомневам дека Меси откако ќе ја заврши кариерата ќе остане поврзан со клубот до крајот на животот. Прво затоа што тој е најдобриот играч во историјата на фудбалот, а играше само тука. Се сомневам дека некој друг ќе ги надмине неговите достигнувања и рекорди. Ќе биде поврзан со Барселона до крајот на животот“, нагласи Бартомеу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…