Хозе Марија Бартомеу зборуваше за разни ситуации во Барселона, а на медиумите посебен интересен им беше делот каде што зборуваше за Османд Дембеле.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дембеле сезонава беше под голем притисок, откако доцнеше на тренинзите, но потоа започна да прикажува многу подобри настапи и поголема посветеност.
Бартомеу во интервјуто откри дека цело време му искажувал поддршка на Дембеле.
„Верувам дека ќе продолжи со формата која играше во последно време. Има голем талент и кога и да излезе на терен сите не изненадува. Со него повеќе пати водев разговори во 1.30 часот по полноќ. Осман сака да успее тука и да ги освои навивачи“, откри Бартомеу за „Ел Партидасо де Копе“.