Барселона е силно заинтересиран за играчот за врска на Ливерпул, Наби Кеита, пренесуваат каталонските медиуми.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кеита на крајот на сезоната влегува во последната година од договорот, но нема намера да преговара со Ливерпул за продолжување на неговиот престој на „Енфилд“.




Кеита не е задоволен од својот статус во тимот и минутажата која ја добива, па е спремен да ја промени средината на крајот на сезоната.




Таквата ситуација сака да ја искористи Барселона, бидејќи Чави бара засилување за средниот ред и верува дека Кеита идеално ќе се вклопи во негиот систем на игра.




Сепак, Каталонците ќе мора да ја победат конкуренцијата бидејќи за играчот интерес покаѓуваат уште Баерн Минхен и Милан.