Италијанските медиуми пренесуваат дека Барселона се вклучила во трката по плејмејкерот на Сасуоло, Мануел Локатели.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Локатели кариерата ја започна во Милан, важеше се голем талент, но „росонерите“ не му веруваа и го продадоа на Сасуоло за 12 милиони евра.
Плејмејкерот го покажа својот потенцијал во Сасуоло и сега е стандарден член на италијанската репрезентација.
Јувентус подолго време го следи Италијанецот, но сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Барселона.
Каталонците веруваат дека Локатели ќе биде идеален наследник на Бускетс и се спремни за него да платат 40 милиони евра колку што бара Сасуоло.