Дома Трансфер зона Барселона тргнала во (не)возможна мисија – сака засилување од ПСЖ за крај на преодниот рок!?

Барселона тргнала во (не)возможна мисија – сака засилување од ПСЖ за крај на преодниот рок!?

Барселона и во финансиска криза одработи одличен преоден рок, многумина ќе кажат еден од нивните најдобри во историјата, но тој би можел да не биде завршен со сегашните засилувања.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонците доведоа квалитетни играчи како Рафиња, Кунде, Левандовски, Кеси и Кристенсен. И на фудблската јавност не и е баш јасно како Барса успеа во сето тоа во време на криза. Медиумите сега шпекулираат дека Барса не сака тука да застане и ново име би можел да биде Хакими.

Оваа изненадувачка информација во јавноста ја пласираше новинарот Педерол, сопственик на познатиот „Ел Чирингуито“ кој често пати знае да има бомбастични вести.

Хакими во редовите на ПСЖ пристигна од Интер пред една година, францускиот клуб го плати околу 65 милиони евра. Претходно Мароканецот го носеше дресот на Реал Мадрид и потекнува од академијата на „кралевите“.

Прашање е колку Барселона има шанси да стигне до потписот на Хакими затоа што неговиот договор со ПСЖ е до 2026 година и новиот стратег на клубот од Париз, Галтие сериозно смета на него за оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…