Барселона брзаше до денес да заврши неколку излезни трансфери со цел да може приходот да ги пријави во тековната сезона.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Вчера Каталонците ја потврдија продажбата на Артур за 72 милиони евра, а денес беше финализирана уште една продажба.
Барселона на својот официјален сајт ја потврди продажбата на десниот бек Марк Кукурела во Гетафе. Шпанецот играше под наем во Гетафе и клубот ја искористи опцијата за опткуп за 10 милиони евра.
Притоа, Барселона ќе добие 10% од следната продажба на Кукурела, а тоа може да се случи уште ова лето бидејќи неколку клубови се интересираат за неговиот потпис.