Дома Трансфер зона Барселона не успеала да доведе и играч од второлигаш

Барселона не успеала да доведе и играч од второлигаш

Барселона ова лето се соочи со големи проблеми, а не успеаа да доведат ни некои од планираните мети. На мета на Барселона бил и десниот бек на Норвич, Макс Аронс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аронс го привлече вниманието со своите настапи во Премиер лигата, иако неговиот клуб испадна во втора лига. Дефанзивецот прикажуваше сосема солидни настапи.

Каталонците испратиле конкретна понуда за Норвич која била во вид на позајмица со право да го откупат неговиот договор, но не да бидат обврзани туку доколку имаат желба.

Токму таквата понуда била причина што Норвич се решил да ја одбие понудата, пренесува „Скај Спорт“.

Место Аронс сега Барселона ќе се обиде да го доведе Сержињо Дест од Ајакс, но тој сигурно нема да биде лесна мета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…