Дома Топ вести Барселона и Сити спремаат голема трампа

Барселона и Сити спремаат голема трампа

Барселона покажува сериозен интерес за ѕвездата на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, пренесуваат каталонските медиуми.

Барселона се обиде да го ангажира Стерлинг и во летниот преоден рок, но немаше финансиски услови да го комплетира трансферот.

Стерлинг го изгуби местото помеѓу стартерите кај Гвардиола, па не се исклучува можноста да ја промени средината.

Манчестер Сити уште летово беше спремен да го продаде Стерлинг за да го финансира трансферот на Хари Кејн и ќе се согласи да го пушти во Барселона, но само под еден услов.

Имено, Гвардиола за возврат го бара Осман Дембеле, кој моментално се опоравува од повредата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…