Дома Трансфер зона Барселона го сака Ромањоли, Милан не сака да слушне!

Барселона го сака Ромањоли, Милан не сака да слушне!

0

Барселона е во потрага по квалитетен дефанзивец, а италијанските медиуми пренесуваат дека е силно заинтересирана за капитенот на Милан, Алесио Ромањоли.

„Тутуспорт“ пишува дека на „Сан Сиро“ пристигнала понуда од Барселона за Ромањоли. Каталонците понудиле 40 милиони евра плус еден играч, но Милан експресно ја одбил понудата.

„Росонерите“ категорично потврдиле дека нивниот капитен не е на продажба и ќе ја одбијат секоја понуда која ќе пристигне на нивна адреса.

Милан има проблеми со Финансискиот фер-плеј и можно е да продаде една од своите ѕвезди ова лето, но тоа сигурно нема да биде Ромањоли кој има статус на „недопирлив“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус ја сака младата шпанска надеж

Jувентус има нова мета и таа прилично скапа. „Бјанконерите“ веќе еднаш ја разбија сумата о…