Барселона го потврдија трансферот на Маркос Алонсо и со тоа го комплетираше тимот за новата сезона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Левиот бек синоќа доби раскин на договорот со Челзи, па како слободен играч потпиша за Каталонците.
Алонсо потпиша договор до 30 јуни 2023 година и е пресреќен што ќе игра во клубот каде што настапуваше неговиот татко.
„Многу сум среќен, конечно еве ме во Барселона. Мислев само на овој клуб. Долго време сакав да се преселам во Барселона и мислам дека го направив вистинскиот потег. Многу е невообичаено да се игра во тимот во кој играше и мојот татко. Ова е дефинитивно уште една добра причина што се преселив тука. Тој исто така е среќен“, истакна Алонсо.