Дома Фудбал Барселона го купила Де Јонг против волјата на Валверде

Барселона го купила Де Јонг против волјата на Валверде

Играчот за врска на Барселона, Фребки де Јонг бил купен против волјата на тренерот Ернесто Валверде, пренесуваат холандските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што е познато 22-годишниот плејмејкер потпиша за каталонскиот гигант во јануари за сума од 75 милиони евра, плус 11 милиони како бонуси, а се пресели на „Камп Ноу“ ова лето.

Де Јонг имаше понуди од неколку клубови, но самиот инсистираше да се пресели во Барселона. Холандските медиуми исто така го критикуваат Валверде за начинот на кој го користи Де Јонг.

„Го користи премногу дефанзивно и не му дава многу простор. На тој начин играчот има вклучена автосопирачка. Па така не доаѓа до израз неговата доминација на средината од теренот“, пишува „Телеграф“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Eнрике и Артета избраа, ова се составите за финалето од ЛШ! (Фото)

На стадионот „Пушкаш Арена“ вечерва, првпат во 18.00 часот, започнува финалето на Лигата н…