Дома Топ вести Барселона го договори Рубен Невеш по „дисконтна“ цена

Барселона го договори Рубен Невеш по „дисконтна“ цена


Викенд на градски дерби дуели: Арсенал - Тотенхем и Атл.Мадрид - Реал М. ↓↓↓


Барселона е во потрага по квалитетен играч за врска кој ќе може да го замени Серхио Бускетс, пренесуваат каталонските медиуми.

Прв избор е португалскиот репрезентативец и член на Вулверхемптон, Рубен Невеш со кого преговорите се во напредна фаза.

Неговиот агент Жорге Мендеш веќе имал состанок со раководството на Барселона и наводно ги договорил личните услови на фудбалерот.

Весникот „АС“ оди чекор подалеку и тврди дека Барселона постигнала договор со англискиот клуб за трансферот и зделката ќе биде официјализирана следните денови.

Поради добрите односи со клубот и агентот Мендеш, Каталонците за Невеш ќе платат „само“ 26 милиони фунти плус бонуси, иако Вулверхемптон првично бараше многу повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ може да се пресели во Интер Мајами

Викенд на градски дерби дуели: Арсенал - Тотенхем и Атл.Мадрид - Реал М. ↓↓↓ Лука Модриќ о…