Барселона е во потрага по квалитетен играч за врска кој ќе може да го замени Серхио Бускетс, пренесуваат каталонските медиуми.




Бускетс е на залез на кариера и не е повеќе незаменлив, па Чави сака да донесе долгорочна замена на таа позиција.




Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Најголема желба е Рубен Невеш кој сигурно ќе го напушти Вулверхемптон ова лето, а неговата цена е 30 милиони евра.
„Волците“ откако го доведоа Матеус Нунес на таа позиција спремни се да го пуштат Невеш во Барселона.




Каталонскиот клуб веќе има договор со неговиот агент, но сака дополнително да ја намали цената преку преговори.