Дома Трансфер зона Барса прави изненадувачки трансфер на играч од втора лига

Барса прави изненадувачки трансфер на играч од втора лига

Барселона работи на изненадувачки трансфер и може да го донесе уругвајскиот напаѓач Кристиан Стуани, пренесува „Мундо Депортиво“.

33-годишниот напаѓач е една од опциите за замена на Луис Суарез, кој поради повреда ќе отсуствува од терените цели четири месеци.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Стуани игра во второлигашот Жирона и од почетокот на сезоната има постигнато 16 гола. Тој е водечки стрелец во Секунда, а Уругваецот и минатата сезона играше одлично кога клубот беше во Примера.

Договорот на Стуани со Жирона е до 2023 година и во него има откупна клаузула од 25 милиони евра. Меѓутоа, Барселона е спремна да понуди 7 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…