Дома Трансфер зона Барса и Сити го следат играчот на Интер

Барса и Сити го следат играчот на Интер

Стефано Сенси ова лето пристигна во Интер од Сасуоло и се покажа како одлично засилување.

Сенси за кратко време стана еден од најдобрите играчи на Интер и се покажа дека овој тим направил одличен потег со неговото доаѓање. Сенси стана организатор на играта на Интер и воодушеви со настапите во досегашниот дел од сезоната.

Неговиот агент, Џузепе Рисо откри дека минатото лето за Сенси покрај Интер биле заинтересирани уште Барселона и Сити, кои и понатаму го следат италијанскиот плејмејкер.

„Конте го сакаше во Интер и направија одлична работа што го донесоа така брзо. Барселона и Сити беа заинтресирани за него минатото лето и се уште се заинтересирани и го следат фудбалерот“, изјави Рисо.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гвардиола тргнува по ѕвездата на Марсеј

Манчестер Сити ова лето ќе прави големи промени во тимот, а приоритет на Гвардиола ќе биде…