Дома Трансфер зона Барса и Баерн фаворити за потписот на Де Лихт

Барса и Баерн фаворити за потписот на Де Лихт

Барселона се смета за фаворит за привлекувањето на капитенот на Ајакс Матијас де Лихт, а на врвот на листата кандидати за негоиот потпис е и Баерн Минхен, пренесува каталонски „Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Весникот тврди дека овие два клуба се во пол-позиција за потписот на Де Лихт, иако Јувентус веќе подолго време е во контакт со неговиот менаџер Мино Раиола.

Недамна претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу јавно потврди дека се заинтересирани за 19-годишниот дефанзивец.

„Трансфер на Де Лихт? На крајот на месец март ќе ги правиме плановите за трансфер пазарот, но неговото име сигурно ќе биде на маса“, призна претседателот на Барселона,Бартомеу.

19-годишниот Холанѓанец важи за еден од најперспективните дефанзивци во Европа и е на мета на многу европски гиганти.

Ајакс за слободата на Де Лихт бара најмалку 50 милиони евра, сума која Барселона нема да има проблем да ја плати. Притоа, познато е дека двата клуба имаат одлични односи што се покажа при трансферот на Френки де Јонг.

Баерн на лето ќе прави реконструкција на одбраната и одреди огромен буџет за засилувања, па Баварците исто така веќе равотат на трансферот на Де Лихт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…