Дома Трансфер зона Барса го сака Кансело, но прво ќе му прави психолошки тестови?!

Барса го сака Кансело, но прво ќе му прави психолошки тестови?!

Португалскиот фудбалер Жоао Кансело поминува низ проблематичен период во неговата кариера.

Кансело важи за еден од најдобрите десни бекови во светот, но веќе и се забележува дека има проблеми кога не успеа да се избори за место во стартниот тим, ниту кај Гвардиола во Сити, ниту кај Нагелсман во Баерн.


Време е за фудбалска класика: Шпанија - Италија! ↓↓↓


Добро му одеше на Кансело во Сити, меѓутоа во еден период Гвардиола почна да го остава на клупата за резерви. Сепак, изненадување беше неговата позајмица во зимскиот преоден рок. Португалецот си замина затоа што не сакаше да биде резерва. Дојде во Баерн кој има опција да го откупи за 70 милиони евра, но како што стојат работите тоа нема да се случи.

Нагелсаман во последните неколку натпревари исто така го пресели Кансело на клупата и така е јасно дека баварците нема да го откупат по истекот на позајмицата.

Сити од друга страна е одлучен да се ослободи, но Баерн не сака да го откупи, па вратата ја отвори Барселона. Лапорта е во добри односи со Жоао Мендеш кој го застапува Кансело и тоа би можело да биде клучно во реализацијата на трансферот. Барса има финансиски проблеми, но не е невозможно да го доведе прво на позајмица со право на откуп.

Сепак, каталонските медиуми денес пренесуваат дека за воопшто да дојде трансфер Барселона сака Кансело да помине одредени психолошки тестови. Во клубот сметаа дека во главата на Кансело има одредени „блокади“ кои не треба да ги има кај еден професионален фудбалер на тоа ниво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Алонсо во „пакет“ со Виртц доаѓа во Реал следното лето

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на Реал Мадрид, пишуваат…