Барселона во минатото често правеше грешки кога е трансфер политиката во прашање. Позната е приказната за Цеск Фабрегас кој замина од „Камп Ноу“ за ситни пари, а потоа Каталонците потрошија цело богатство за да го вратат.
Меѓутоа, Арсен Венгер уште еднаш успеа да ја „излаже“ Барселона, а овој пат играчот се вика Хектор Белерин и на „Камп Ноу“ беше прогласен за неперспективен. „Топчиите“ го платија 500.000 евра, а денес вреди 100 пати повеќе и не сака да се врати во Барса.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„Англија е сега мојот дом, за друг клуб не ни размислувам. Сакам да останам уште долги години во Арсенал“, изјави во една прилика фантастичниот десен бек.
Белерин во моментов е најдобриот денес бек во Премиер лигата, а можеби и во цела Европа, а Барса токму на таа позиција има „дупка“ после заминувањето на Дани Алвеш.
Белерин е најдобар пример за лошата трансфер политика на Барселона, која ги продава своите таленти за малку пари, а потоа нивната цена вртоглаво расте.