Дома Фудбал Италија Барса го „направи“ Пеп, Реал Зидан – Јувентус ќе се обиде со Пирло!

Барса го „направи“ Пеп, Реал Зидан – Јувентус ќе се обиде со Пирло!

Барселона го „школуваше“ Пеп Гвардиола, Реал Мадрид Зинедин Зидан, а сега Јувентус ќе се обиде да добие голем тренер со Андреа Пирло.

Според најавите на голем број италијански медиуми Јувентус успеал да го убеди популарниот „Моцарт“ да го превземе У23 тимот и така да се впушти во тренерските води.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Идејата е ако се биде како што треба, Пирло иднина да го превземе и првиот тим. Своевремено ваквите потези и тоа како им се исплатеа на Барселона со Гвардиола и Реал со Зидан.

Секако, ако Пирло се докаже. Пирло на клупата на У23 тимот ќе го замени Фабио Пекио кој не успеа да избори пласман во Серија Б.

Сега е ред Пирло да проба, како играч имаше генијални идеи, беше авторитет и ги има сите предиспозиции да стане голем тренер. Дали ќе ги исполни очекувањата времето ќе покаже.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мурињо се интересира од Марко Асенсио

Позајмицата на шпанскиот офанзивен играч за врска Марко Асенсио во Астон Вила заврши, но с…