Дома Фудбал Барела: Покажавме дека сме тим со „м*да“ – одиме по финале!

Барела: Покажавме дека сме тим со „м*да“ – одиме по финале!

Николо Барела беше еден од хероите на Интер во победата од 2:1 против Баер Леверкузен во четвртфиналето од Лигата на Европа.

Поранешниот играч на Каљари го постигна водечкиот гол во победата со која Интер се избори за полуфинале во кое ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Шахтјор и Базел.

„Сега им покажавме на сите оние кои тврдеа дека не сме тим…Покажавме дека ние сме екипа со м*да. Можевме порано да го решиме прашањето на победникот и да одмориме за следниот натпревар, но Баер е опасен тим кој знае да направи промени. Горди сме и одиме по финале“, изјави Барела по победата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио чекаше 16 години за ова: Гатузо на врвот, навивачите во бојкот!

Девет победи, едно реми и прво место во Серија А: Лацио го повтори достигнувањето на тимот…