Дома Трансфер зона Баерн ја плаќа клаузулата за играч на Селта

Баерн ја плаќа клаузулата за играч на Селта

0

Раководството на Баерн Минхен е заинтересирано за крилниот фудбалер на Селта, Брајс Мендес, пренесува германски „Кикер“.

Баварскиот гигант е спремен да ја активира откупната клаузула за 22-годишниот фудбалер, која изнесува 25 милиони евра.

Минатата сезона Мендес постигна 6 гола и запиша 7 асистенции, па го привлече вниманието на неколку европски гиганти.

Баерн е во потрага по засилување за крилните позиции, но поради потешкотиите да дојде до потписите на Сане и Дембеле, ќе се сврти кон други цели.

Мендес е млад и перспективен фудбалер со „пристојна“ цена, па поради тоа Баварците се одлучиле да ја активираат откупната клаузула.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Фелипе Кутињо пристигна во Минхен!

Баерн Минхен многу брзо ќе добие големо засилување, откако Фелипе Кутињо денеска пристигна…